За нас

ОOУ “Димче Ангелов Габерот”

За нас


  Демир-Капија, град на високи планински врвови и од срце осветлени висорамнини, град на затскриени водопади, села во клисури, цркви и манастири, чиниш како на карпи излиени, град на само едно училиште кое плeни со својата убавина и оригиналност. Станува збор за ООУ “Димче Ангелов Габерот”, кое за прв пат било пуштено во употреба во далечната 1931г. Во тоа време оваа зграда располагала со две училници и стан за еден учител.
Училиштето во изминатите 20 години со успех ги остварува целите и задачите на основното образование. Низ целокупната воспитно-образовна работа и сите други форми на делување, низ наставата и слободните ученички активности и низ општествената културна дејност, во училиштето успешно се остварува образованието и воспитувањето. Бројните генарации излезени од неговите клупи му даваат извонредно силен печат на севкупниот стопански, општествен и културен развој на Демир Капија и пошироко на Републиката.
Општинското основно училиште ,,Димче Ангелов-Габерот“ е единственото основно училиште во општина Демир Капија. Во негови рамки работат и четири подрачни училишта во кои наставата се реализира во комбинирани паралелки од прво до петто одделение. Тие се во селата Корешница, Бистренци, Прждево и Челевец. Наставата во ПУ во село Челевец се изведува на турски наставен јазик.
    Основното училиште ООУ,, Димче Ангелов - Габерот“, се наоѓа во центарот на Демир Капија, коешто е мало градче со околу 4-5000 жители. Во општината живее македонско население, но затоа пак, во околните села  покрај македонското население има и население од националностите, и тоа:  турско, ромско и српско население. Општината е мала но сепак располага со голем број на културно – историски знаменитости. Во овој крај е доста присутна и виновата лоза, а има услови и за воздушен туризам поради убавите планински предели, а особено за истакнување е Демиркапијската Клисура. Во текот на годината се одржуваат повеќе културни манифестации кои што и даваат посебен белег на општината.



ОOУ “Димче Ангелов Габерот”

Создаваме идни граѓани на нашата татковина кои ќе бидат подготвени да ја водат земјата напред

Основци
0
Проекти
0
Награди
0
Активности
0

Нашиот персонал

ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ “ДИМЧЕ АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ”

Менче Николова
ДиректорМенче Николова
Сузана Мешкова
ПедагогСузана Мешкова
Роска Ковацалиева
ПсихологРоска Ковацалиева
Илија Василев
Секретар Илија Василев
cta-logo

ОOУ “Димче Ангелов Габерот” Демир Капија

Сигурна иднина

Контакт

ул. Машал тито бр. 11, Демир Капија

 

Најава

Новости

Внесете ја Вашата е-маил за повеке информации

Copyright @ Designed by Elkom Group | web design | hosting solutions

Search