Активности

ОOУ “Димче Ангелов Габерот”

Активности

" ТРКА НА МИРОТ "

На ден 07.03.2018 г. (среда) нашето училиште беше домаќин на учесниците во "Трката за мир", кои попладнето пристигнаа во општина Демир Капија. Дел од нашите ученици зедоа учество во трката и носејќи го факелот на мирот трчаа заедно со останатите учесници во оваа интернационална трка. Потоа во училишниот хол беше одржана пригодна манифестација во чест на основоположникот на трката, Шри Чинмој, која беше збогатена и со уметничка изложба, читање на поезија, а учество зеде и хорот на училиштето.
Претставниците на здружението Peace Race и го врачија факелот на мирот на директорката на училиштето и заеднички ги пренесоа пораките за хармонија, спокој и мир на целиот свет. Потоа факелот и беше предаден на претседателката на Советот на општина Демир Капија, која исто така ги сподели своите желби и пораки за мир.

1.jpg 10.jpg 11.jpg 12.jpg 13.jpg 14.jpg 15.jpg 16.jpg 17.jpg 18.jpg 19.jpg 2.jpg 20.jpg 3.jpg 4.jpg 5.jpg 6.jpg 7.jpg 8.jpg 9.jpg

 Градиме Мостови

На ден 12.02.2018 година (понеделник) во спортската сала на нашето училиште се одржа културна манифестација за меѓуетничка соработка „ГРАДИМЕ МОСТОВИ", во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре", а во рамките на програмата Турски народни приказни.
На овој македонско-турски културен перформанс со неколку точки на турски и македонски јазик се претставија ученици од македонска и турска националност, кои учат во централното и подрачните училишта.
Потоа следуваше час по турски приказни посветени на ликовите Насредин Оџа и Ќелоган. Приказните беа презентирани на турски и на македонски јазик од страна на актерката Благица Трпковска и педагогот Асли Гедизли, а во нивната драматизација беа вклучени и дел од присутните ученици.
На крајот од манифестацијата на учениците им беа поделени пригодни подароци и книги со турски приказни.

1.jpg 2.jpg 3.jpg 4.jpg 5.jpg 6.jpg 6a.jpg 7.jpg

 

• Детска недела 2017

 Во рамките на Детската недела во нашето училиште се спроведоа низа активности во кои активно учество имаа учениците од одделенска настава, кои заедно со своите наставници твореа на теми за детето и неговите права, играа игри и цртаа со креда во училишниот двор. Се одржа и културно уметничка програма во чии рамки беше прочитано детското ветување за прием на првачињата од централното и подрачните училишта во Светската Детска Организација и им беа доделени детски пасоши и беџови.

1.jpg 3.jpg 4.jpg 6.jpg

 

 

• Европски денови на културно наследство

 Во организација на Дом на културата "Мирка Гинова" и Музејот во Демир Капија нашите најмали - првачињата заедно со дечињата од Детската градинка "Борис Трајковски" учествуваа на Ликовната работилница " Природата во Демир Капија - водата дар од природата", на која преку ликовни творби ги изразуваа своите идеи и фантазии.

1.JPG 2.JPG 3.JPG 4.JPG

 

 

• Училишен натпревар во рецитирање

 Во нашето училиште се одржа натпревар по рецитирање на кој право на учество имаа учениците од VI до IX одделение, предводени од своите наставнички и ментори по македонски јазик Александра Јованова и Билјана Симитчиева. Со рецитирање на песната "Мојата ненапишана песна" од Глигор Поповски, учениците ги покажаа своите извонредни вештини за рецитирање, а двајца ученици : Олгица Мелова VIII a одд. и Илија Колев - IX а oдд. се пласираа на вториот дел од натпреварот за рецитирање кој ќе се оджи во Скопје, организиран од страна на СДМЈЛ (Сојуз на друштвото за македонски јазик и литература на Р.М).

rec1

 

• Истражи ја Демир Капија

 Учениците од деветтите одделенија заедно со  наставниците реализираа планинарска прошетка до прекрасната демиркаписка пештера, пештерата ,,Долен Змеовец” и имаа можност да ја разгледаат внатрешноста на пештерата, и да уживаат во природните уникатни пештерски украси: драперии, сталагмити и сталактити. Исто така учениците од шестите одделенија во рамките на вон наставни активности реализираа прошетка до селото Клисура. Тие имаа можност да се запознаат со природните убавини што се наоѓаат покрај патот кој што од  Демир Капија води за селото Клисура. Одблиску го видоа прекрасниот карпест влез на Демиркаписката клисура, влезот на една од најдолгите пештери во Македонија пештерата ,,Бела вода” како и ,,Долината на кактусите” во с.Клисура.

1.jpg 2.jpg 3.jpg 4.jpg

 

• Проект Пополни ги празнините - тема Родова рамноправност

 Нашето училиште беше активно вклучено во одбележувањето на месецот на родовата рамноправност кој се одбележува во рамките на проектот „Потполни ги празнините“ , а истиот го реализира организацијата на жени „Женско Лоби“ од Демир Капија. Под мотото „Стоп за родова дискриминација“ учениците истражуваа, твореа и пишуваа прозни творби и пораки за рамноправност помеѓу мажите и жените. За учениците од деветто одделение беше одржана едукативна работилница на тема „Родовата рамноправност во локалната заедница“ и им беше поделен едукативен материјал на наведената тема. Исто така беше распишан и ликовен конкурс на темата родова рамноправност на кој со свои ликовни творби учествуваа голем број на ученици, а најдобрите беа наградени со пригодни награди

23

 

Контакт

ул. Машал тито бр. 11, Демир Капија

 

Најава

Новости

Внесете ја Вашата е-маил за повеке информации

Copyright @ Designed by Elkom Group | web design | hosting solutions

Search